Во текот на летото, многу жени се повеќе прибегнуваат кон лимонот како метод за осветлување на косата. Сокот од лимон со години се смета за совршено средство за постигнување полесни прамени, а трендот стана вирален благодарение на препораките на популарните инфлуенсери на мрежите. Пред да излезат на сонце, цедат лимон и го нанесуваат сокот на косата. Сепак, фризерот Иан Тарнер предупредува дека овој трик не е без ризици.
„Трикот со сок од лимон не е нов, но повторно стана популарен на TikTok. Иако често се тврди дека нуди брзи и природни резултати за осветлување на косата, јас силно ве советувам да не користите сок од лимон за оваа намена“, изјави Тарнер за Mind Food. Тој објаснува дека киселоста на лимонот може сериозно да ги оштети косата и скалпот, како и да го наруши балансот на pH вредност.
„Лимоните се екстремно кисели со pH од околу 2, додека природната pH вредност на скалпот и косата е помеѓу 4,5 и 5,5. Оваа висока киселост може да ја наруши природната pH рамнотежа на скалпот и косата, што може да го соголи заштитниот слој на косата, што доведува до сува, кршлива и оштетена коса“, објасни Тарнер.
Иако косата може да изгледа добро по нанесувањето на сок од лимон, таа може да стане сува на долг рок бидејќи киселината ги отстранува природните масла.