Фризура како од салон: За само неколку минути направете фризура идеална за секоја прилика

popara1 февруари, 20244min00
75568_ipiccy-image-68_f

Високата опашка повеќе не е резервирана само за спортски и лежерни пригоди, туку обожаваме да ја носиме секој ден, но и во поформални прилики. Совршен трик за да постигнете таков ефект се појави на Инстаграм.

Ема Чен сподели совети за совршено опавче, а често ги радува своите следбеници со едноставни трикови кои гарантираат совршен изглед. Предноста на нејзините видеа е што таа покажува чекор по чекор во секој туторијал, па секој може да постигне речиси ист изглед дома. Потребни се само две минути за опавчето кое ги освои социјалните мрежи.

За почеток, нанесете текстурирачки спреј на лабавите бранови за да бидете сигурни дека сè ќе остане на своето место. Потоа, наместо да ја четкате косата назад, со прстите врзете ја косата во опавче. Погрижете се фризурата да не е мазна, туку играјте со волуменот. Ема покажа одличен трик со шноли за коса. Таа закачи две шноли на трака за коса. Едната веднаш ја закачи, а потоа ја врза опашката со ластик и ја закачи другата шнола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Chen (@emmachenartistry)

Откако го формираше коњското опавче, Ема извади неколку прамени за да постигне разбушавен ефект, а потоа премина на последниот чекор да му даде шик изглед. Неколку прамени беа оставени слободни, а Ема потоа ги завитка околу опавчето, така што ластикот не може да се види. Ова опавче има текстура и волумен, а по неколку обиди, репчето ќе го правите за две минути, што ќе ја направи идеална фризура за напорните утра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag