Сè уште сме длабоко во лето, но модниот свет веќе е фокусиран на трендовите за претстојната сезона есен/зима. Со нетрпение се очекуваат нови фризерски трендови, а пунџите се најавуваат како голем есенски хит.
Прекрасно стилизираните и украсени пунџи се чест избор на невестите, но ако им се верува на трендовите од оваа есен и зима, многу од нив ќе видиме и во street style изданија.
Се разбира, пунџите се секогаш тука и жените сакаат да ги носат, но во наредната сезона тие ќе бидат особено популарни. И пунџи од секаков облик, од оние совршено наредени и залижани до омилените лежерни, популарно наречени messy bun.
Доволно е да имате малку подолга коса за да ја распоредите пунџата по желба, а за малку ваш стил украсете ја со шноли, марама или некој друг уреден детал за коса.
Непотребно е да се каже дека пунџата е совршен избор и за деновите кога немаме време да ја измиеме косата или едноставно не ни се допаѓа.
Голем љубител на пунџи меѓу познатите е Џенифер Лопез, која ги носи и на црвениот тепих и во полежерни прилики, а идеи за стајлинг на пунџа можете да најдете подолу.