Ф’стаците се хит и на ноктите: Еве неколку идеи за следниот маникир

popara18 септември, 20245min00
62904426-manikure-u-bojama-pistacije

Социјалните мрежи играат клучна улога во создавањето трендови во убавината и модата, а маникирот не е исклучок.

Популарни инфлуенсери, експерти за убавина и брендови секојдневно споделуваат нови идеи, обликувајќи го она што е „in“.

Еден поглед на Instagram или TikTok е доволен за да откриете како трендовите во маникирот ги следат сезонските промени, како што се изборот на бои и стилови во зависност од сезоната.

Оваа есен се издвојуваат нокти во зелена ф’стак нијанси.

Оваа нежна, но во исто време луксузна боја не е популарна само во десертите, туку го освои и светот на убавината. Ф’стаците доаѓаат во различни тонови, од посветли до потемни нијанси на нежна зелена, што овозможува разновидност во стиловите на маникир.

Овие нијанси се совршени и за кратки и за долги нокти бидејќи даваат допир на елеганција и суптилност, кои се идеални за поладни есенски денови.

Социјалните мрежи постојано инспирираат, а маникирот е одличен пример за тоа како креативноста и сезонските трендови можат совршено да се вклопат, следејќи ги светските текови на убавината.

Погледнете ја галеријата и инспирирајте се од идеите за маникир во боја на ф’стаци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag