Американскиот актер Харисон Форд (81) раскажа како музиката од филмот „Индијана Џонс“ го следи секаде каде што оди, дури и во операционата сала.
Форд го играше Индијана Џонс од 1981 година, кога беше објавен делот „Raiders of the Lost Ark“. Познатата композиција на Џон Вилијамс „Raiders March“, која го одбележа првиот дел од оваа франшиза, доби култен статус.
„Неговата (Џон Вилијамс) музика ме следи каде и да одам, но буквално. И на улица додека чекам такси, и го слушав во операционата сала, додека ми правеа колоноскопија“, вели Форд во интервјуто.
По „Raiders of the Lost Ark“, имаше уште четири продолженија на една од најуспешните франшизи во Холивуд. Последното продолжение беше објавено во 2023 година, под името „Индијана Џонс и артефактот на судбината“.
Колоноскопијата е оптички преглед на дебелото црево со колоноскоп.