Хари и Меган се најновите жртви на аферата со Кејт Мидлтон

popara13 март, 20241min00
Prince Harry and Meghan visit One Year to Go event for Invictus Games 2025

На Денот на вљубените 2021 година, принцот Хари и Меган Маркл објавија романтична фотографија од бремената поранешна актерка како лежи на тревата со главата во скутот на нејзиниот сопруг. Сега е откриено дека на него подоцна бил додаден и важен детал.

Имено, откако беше откриено дека фотографијата на Кејт Мидлтон со нејзините деца по повод Денот на мајката е значително изменета во фотошоп и затоа е повлечена од неколку фотоагенции, медиумите почнаа да ги истражуваат сите фотографии објавени од клучни членови на британското кралско семејство.

Така дојдоа на ред Хари и Меган, а се утврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се воопшто невини во оваа работа, со оглед на тоа што тие самите промениле одредени детали барем во една прилика.

На конкретната фотографија парот лежи пред дрво, но самиот фотограф откри дека тие всушност биле на ливада. Дрвото е додадено подоцна за идиличен ефект.

Неименуван извор изјави за Page Six дека славната двојка никогаш нема да направи грешка да објави монтирани фотографии, особено не онаа што ја најавува бременоста на Меган. Затоа биографот на Хари, Ангела Левин, ги нарече лицемери.

„Дрвото беше вметната во нивната фотографија за посилен визуелен ефект. Како се осмелуваат да кажат нешто за Кетрин?“, рече Левин.

Интересно е што фотографијата ја дизајнирал пријателот на Меган и професионален фотограф Мисан Хариман од Лондон и на парот и објаснил како да позираат за сцената да испадне што поубава. Меѓутоа, во едно интервју во 2022 година, тој не успеа да признае дека е снимено на сред ливада, што значи дека дрвото дефинитивно е додадено подоцна.

Меѓутоа, откако започна приказната за вметнатото дрво, споменатиот фотограф денеска во видео изјава на платформата X ги осуди тие тврдења.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag