Хајди Клум се врати во Лос Анџелес за да продолжи со снимањето на America’s Got Talent.
Познатата Германка пред неколку дена објави неколку топлес фотографии и на тој начин покажа колку ужива во летниот одмор, но и во друштво на својот сопруг Том Каулиќ.
Нејзините објави оставија без здив многумина, особено припадниците на машката популација кои уживаа во сцените.
Но, како што велат, сè убаво е краткотрајно, а Хејди морала да се врати на својата деловна рутина.
Таа од топлес скокна во златен корсет-фустан, а потоа прошета на црвениот тепих во Лос Анџелес. Познатата манекенка, која е член на жирито на горенаведеното шоу, покажа завидна фигура и долги нозе, но и насмевка на лицето.
Судејќи по фотографиите, на Хајди и е мило што се вратила на деловните обврски.