Германската манекенка Хајди Клум секоја година докажува дека е кралица на маскирањето.
Хајди Клум пристигна на нејзината 23-та забава по повод Ноќта на вештерките во Њујорк во придружба на нејзиниот сопруг Том Каулиц, а двајцата дојдоа маскирани во Е.Т., лик од култниот филм „Е.Т. the Extra-Terrestrial“ од 1983 година, во режија на Стивен Спилберг.
Хајди ги покажа нивните костими на својот Инстаграм профил. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.
Повеќе од 20 години, Клум прецизно ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува обожавателите. Така го добила прекарот Кралица на Ноќта на вештерките.
Зборувајќи за People, таа рече дека станува нервозна пред да го покаже својот костим. „Секогаш се чувствувам вознемирена“, откри таа.
„Не ги пробувам моите маски и костими, не можам да ги пробам пред самата Ноќ на вештерките. Така што никогаш не знам дали сè ќе функционира совршено. Потоа се случува нешто неочекувано, а јас само помислувам: „О, Боже“, рече Хајди.
Од црви до Џесика Ребит
Минатата година Хајди на својата забава по повод Ноќта на вештерките се појави во костим на паун, а последните години приреди бројни изненадувања. Црв, Фиона од Шрек, врколак од трилерот на Џексон, вонземјанин, пеперутка, старица и Џесика Ребит се само дел од костимите во кои таа се појави, пренесува Citymagazine.