Хејли Бибер доминира со трудничката мода: Најновата елегантна комбинација која мора да ја видите

popara6 август, 20244min00
snapinsta.app453251044184702574560372924685829082324434804n1080-2-830x0

Кога зборуваме за трудничкиот стил, нашата прва асоцијација е обично удобна, широка гардероба. Сепак, Ријана стана трендсетерка во оваа сфера и постави нови правила за трудниците, облечена во провокативни мини аутфити, како тинејџерка која отишла на прв состанок. Адријана Лима тргна по нејзините стапки, а светот аплаудираше на нејзината храброст и поместување на границите.

Но, дали треба да се помине секоја граница? Дали новото е секогаш подобро? Се разбира, слободата на избор е несомнена и мора да постои, но не можеме да го игнорираме впечатокот дека светот сè повеќе зачекорува во екстраваганција, заборавајќи на тој поубав збор кој започнува и со буквата „е“ – елеганција.

Хејли Бибер ја најде вистинската мерка. Позирајќи за престижното списание, во тесен фустан во лимон нијанса, со скапоцен накит и свилена марама на главата – изгледаше како холивудска икона на некое заборавено време.

Хејли ни покажа нешто важно – трудницата може да биде стилска и ефикасна, без доза на вулгарности.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag