Хилари Клинтон проговори за тоа како изгледа нејзиниот брак одбележан од скандал и животот со Бил

popara22 септември, 20241min00
Vital Voices Hosts 22nd Annual Global Leadership Awards At The Kennedy Center

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон отворено зборуваше за Си-Ен-Ен за нејзиниот брак со поранешниот американски претседател Бил Клинтон и предизвиците низ кои поминале како пар.

„Никој навистина не знае што се случува во бракот освен двајцата луѓе кои се во него. Секој брак има свои подеми и падови, за среќа не јавни. Мора да ги носите одлуките што се соодветни за вас и никогаш не би рекла никому да остане во брак или да се разведе“, изјави Клинтон за CNN.

Таа додаде дека тој и нејзиниот сопруг се благодарни што можат да кажат дека се во оваа фаза од животот бидејќи имаат внуци и време заедно, пренесува N1 Србија.

„Утрото започнува со играње игри со зборови во кревет. Бил е добар играч, победува речиси веднаш. Убаво се забавуваме и го делиме овој живот во кој сме заедно скоро 50 години. Тоа е добро за нас и тоа е мојата порака“, рече таа.

Да потсетиме дека бракот на Хилари и Бил Клинтон го одбележа скандал кој беше откриен среде неговото претседателствување. Клинтон, всушност, имала афера со практикантка вработена во Белата куќа, Моника Левински.

И покрај тоа што неговото изневерување стигна до јавноста и што беа објавени и најситните детали од Овалната соба, парот остана заедно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag