Американскиот актер Зак Ефрон може да здивне бидејќи фокусот на фановите на обликот на долниот дел од неговото лице полека се намалува. Со оглед на тоа што пред три години поради пад во сопствениот дом мораше да ја оперира вилицата, на некои од неговите следбеници на социјалните мрежи им е тешко да се навикнат на фактот дека згодниот актер повеќе не изгледа како на почеток на неговата кариера. Очигледна е причината зошто неговото лице повеќе не е во преден план. Откако се одмара на јахта недалеку од Ибица, а пред тоа беше во Сен Тропе, ѕвездата на биографскиот филм „Железната канџа“ за американското борење, во кој ја толкува улогата на некогаш популарниот борач Кевин фон Ерих, се облекува лежерно.
Во кошула со кратки ракави или без неа се гледаат заводливите мускули, јасно е дека улогата во спортската биографска драма не ја добил туку така. Со својата посветеност на филмот за борачите, вежбањето и специјалната диета, тој го воодушеви својот колега Џереми Ален Вајт, кој ја игра улогата на неговиот брат Кери.
“Зак е манијак во тоа колку е фокусиран и познавач на тренинзите, исхраната, сè. Што се однесува до физичката трансформација, мислам дека сите нè надмина. Изгледа навистина неверојатно”, изјави актерот за списанието Men’s Health.
Згодниот 36-годишен Ефрон пред неколку дена бил на забава на јахта со многу убави жени, а неговата темна уредно потстрижена брада го направила уште поубав. Познато е дека во 2010 година раскина со големата љубов, актерката Ванеса Хаџенс, по пет години врска, а во 2021 година престана да се гледа со австралиската манекенка Ванеса Ваљадарес по една година врска. Затоа и не е чудно што неговите летни одмори на шпанската и француската ривиера привлекуваат толкав (женски) интерес.