Храна која е лоша за коските

popara9 декември, 20241min00
Screenshot_5

Одредени видови на храна и пијалаци имаат штетно влијание за коските, па потребно е да не ги внесувате во преголеми количини.

 

 

 

 

Во прилог порчитајте за кои прехранбени продукти станува збор:

 

  1. Алкохол

 

Познато е дека чашка црно вино може да има позитивни ефекти врз здравјето, но алкохолот може да биде главен виновник зошто телото повеќе не добива калциум.

 

Претераното внесување на алкохол, влијае на панкреасот и ја попречува апсорпцијата на калциум и витамин Д. Покрај тоа, го зголемува производството на хормонот кортизол, кој е потенцијално деструктивен за вашите коски. Ако со пијалак имате и навика да пушите, време е да прекинете со овие навики, бидејќи така ќе ги уништите коските.

 

  1. Газирани пијалаци

 

Овој пат не е проблемот во меурчињата, туку во количината на кофеин и фосфорна киселина, кои се присутни во некои од освежувачките напитоци, кои ако се консумираат во поголеми количини, можат да ја попречат природната апсорпција на калциум.

 

  1. Сол

 

Грижата околу претерано внесување на шеќер стана толку голема, што понекогаш забораваме колку всушност внесуваме сол преку исхраната. Солта ја има речиси секаде, а влијае на апсорпцијата на калциум, така што телото прави баланс. Секогаш кога базната киселина во организмот ќе се дестабилизира, нашето тело ќе настојува да ја обнови количината на калциум, а знаеме дека калциумот најмногу го има во коските. Резултатот е ослабени и кревки коски.

 

  1. Премногу протеини

 

Со преголемо внесување на храна богата со протеини, може да дојде до пореметување на ph вредноста во организмот, што пак ќе влијае на количината на калциум. Совет е да се обидете да не ја надминувате дневната доза, што е околу 45 грама протеини, кога се жените во прашање.

 

  1. Кофеин

 

Ако се храните здраво и балансирано, тогаш нема да дојде до влошување на состојбата ако се напиете кафе со пријатели, но чувајте се од акумулација на кофеин во организмот, кој на долги стази може да биде многу опасен по вашите коски.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag