Храна која предизвикува несоница:Никогаш не ја јадете оваа храна пред спиење

popara25 јануари, 20241min00
Никогаш не ја јадете оваа храна пред спиење

Ако сакате да спиете добро, треба да избегнувате одредени намирници навечер.

Кога избирате што да вечерате, земете ги предвид две главни последици – зголемување на телесната тежина и несоница. Затоа избегнувајте ја оваа храна:

1. Плескавици/хамбургери – никогаш не треба да ги јадете пред спиење, бидејќи не само што ќе се разбудите со надуен стомак, туку ќе имате и дигестивни проблеми кои ќе ве спречат да заспиете. Имено, вишокот маснотии може да создаде дигестивен проблем кој ќе ве држи будни ноќе, а може да добиете и горушица.

2. Тестенини со кисел сос – избегнувајте тестенини со сос од домати и други кисели преливи. Тестенините не се идеална вечера, бидејќи најчесто се направени од преработени јаглехидрати кои брзо се разградуваат и се складираат во телото како маснотии. Ако сепак го сакате за вечера, изберете тестенини од цели зрна и избегнувајте масни и кисели преливи.

par

3. Зачинета храна – лутите сосови, пиперката или друга зачинета храна веројатно ќе предизвикаат лошо варење во текот на ноќта. Зачинетата храна може да предизвика горушица и киселина во желудникот, стомачни болки и ќе ве држи будни.

4. Млечни производи, особено сирење – најмногу избегнувајте сирења со висок процент на лактоза, како што се фета и рикота. Тие можат да предизвикаат гасови, проблеми со варењето и желудникот, најчесто поради лактозата. Сепак, одредени млечни производи природно се со помала лактоза или достапни во верзии без лактоза, така што можеби нема да предизвикаат надуеност, барем не во иста мера, што би било подобра опција ако тоа е она што сакате да го јадете за вечера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag