ХРАНЕТЕ СЕ ЗДРАВО! Најдобри риби кои ќе ја збогатат вашата исхрана

popara6 февруари, 20241min00
Screenshot_4

Општопознато е дека рибата има многу бенефити за здравјето на човдекот. Богата е со омега-3 масни киселини поради што се препорачува да се консумира најмалку двапати неделно. Сепак, секоја риба не е подеднакво здрава. Во продолжение прочитајте кои се деветте најздрави риби на светот:

 

 

 

  1. Атлантски лосос: Велат дека омега-3 масните киселини кои ги содржи црвеното месо на оваа риба можат да влијаат на биолошкиот часовник на човекот, што значи дека може да го забави стареењето.

 

  1. Сина риба: Се смета за исклучително корисна за човечкиот организам бидејќи содржи изобилство од фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.

 

  1. Атлантска харинга: Се смета за помрсна риба, но омега-3 масните киселини кои ги содржи се од голема корист за кардиоваскуларниот систем.

 

  1. Езерска златовчица: Риба која живее во слатки води. Нејзиното месо е масно, речиси како месото од лосос, но не се суши кога термички ќе се обработи.

 

  1. Папалини: Гириците или сарделите се вид риба која има толку протеини што може да му парира на кое било месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Богата е со витамини и минерали кои му се потребни на организмот за нормално функционирање.

 

  1. Скуша: Оваа риба е совршена за секоја диета бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали.

 

  1. Пастрмка: Ако само еднаш неделно јадете пастрмка, можете да го намалите високото ниво на холестерол, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето во староста.

 

  1. Сардина: Оваа мала риба добро се апсорбира во човечкиот организам и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и рибино масло кое го намалува холестеролот.

 

  1. Туна: Богата е со омега-3 и омега-6 масни киселини, што ја сместува меѓу најкорисните риби.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma