Англискиот актер Чарлс Денс (77) и неговата девојка Алесандра Маси (55) уживале на нудистичка плажа во шпанско одморалиште, а фотографиите веќе се шират на социјалните мрежи.
Ѕвездата од популарните серии „Игра на тронови“ („Game of Thrones“) и „Круната“ („The Crown“) безгрижно се забавувал со својата девојка, а фотографиите од нивните моменти на плажа завршија во светските медиуми.
Денс и Маси се запознале на снимањето на филмот „Книгата на визијата“ („The Book of Vision“) во 2020 година, пишува „Дејли мејл“. Тогаш Маси работела како продукциски менаџер, а токму нивниот состанок, открил актерот во едно интервју, му е главното сеќавање од филмот.
ALSO https://t.co/6pW6VWaJqn He's got the Crown Jewels! Mountbatten actor Charles Dance, 77, joins girlfriend Alessandra Masi, 55, in Formentera as they strip off and soak up the sun on a nudist beach https://t.co/crzhV1DJzf ~ Story Below #USA #News
— Follow @JodyField (@JodyField) May 26, 2024
Да потсетиме, Денс беше во брак со Џоана Хејторн од 1970 до 2004 година, со која има две деца – Оливер (50) и Ребека (44).
Актерот потоа беше поврзуван со актерката Софија Мајлс, манекенката Шамбала Марта и уметничката Елинор Бурман.
Самиот призна дека ја изневерил сопругата Џоана, но и дека е благодарен што успеала да му прости, па сега се најдобри пријатели.
„Во најголем дел тоа беше прекрасен брак, но потоа, за жал, подлегнав на некои искушенија на патот и бракот заврши поради моето однесување. Но, по околу 18 месеци, Џо и јас станавме најдобри пријатели и така останавме до сега, фала Богу“, изјави тој, а пренесе „Дејли мејл“.