Најактуелни се среде студената сезона, поради што ги нарекуваат „божиќни мандарини“.
Клементините обично се помали и позаоблени, додека мандарините можат да бидат поголеми и малку сплескани. Клементините имаат и мазна и тенка кора со светло портокалова боја, која се лупи во едно парче. Кората од мандарина е подебела и поцврста.
Клементините се познати и како „мандарини без семки“, додека мандарините имаат семки. Сепак, сладоста на клементините е една од главните и најзабележливите разлики. Мандарините, иако слатки, често имаат посилен вкус и се покисели.
Тие се разликуваат и по сезона, клементините се најдостапни во зимските месеци, од ноември до јануари. Сезоната на мандарини е поширока – трае од рана есен до доцна зима.
Што се клементините и како настанале?
Клементините се еден вид мандарина, се карактеризираат со нивната сладост, помала форма и помека кожа. Сепак, тие се создадени како резултат на природна хибридизација помеѓу обична мандарина и сладок портокал. Тие не настанале сосема природно – ги открил и одгледувал човекот, но тие се резултат на природно вкрстување на два вида цитрус, што значи дека тие не се генетски модифицирани или создадени со лабораториски процедури.
Според најпознатата приказна за нивното потекло, клементините ги открил францускиот свештеник Клемент Родие, кој освен со свештеник, се занимавал и со хортикултура. На крајот на 19 век во Алжир, тој пронашол нов вид на овошје во својата градина, каде што биле засадени мандарина и портокалови дрвја едно до друго.
Тој забележал дека е создаден природен хибрид кој е посладок и полесен за лупење од обичната мандарина, речиси без семки. Хибридот подоцна беше именуван по него – Клементина.
Иако е откриена во Алжир, многу брзо се проширила низ Медитеранот, а подоцна и во другите делови на светот, каде со текот на времето се развивале методите на нејзиното одгледување, пишува Индекс.