Инфлуенсер кој редовно споделува совети за чистење на социјалните мрежи, неодамна откри три вообичаени грешки што луѓето ги прават кога вршат едноставни домашни работи.
Прашината никако не смеете да ја избришете со влажна крпа, нагласи таа во видеото. Таа препорача прво да се користи сува крпа пред да се чисти со кој било производ бидејќи влажната крпа турка прашина.
Што се однесува до сушењето облека, таа препорача сушење исклучиво природно.
„Најдоброто место е надвор каде што можат природно да се исушат на ветрот, или барем во голема просторија со многу проток на воздух. Ќе се исуши побрзо и ќе мириса многу посвежо“, рече таа. Исто така, таа им препорача на многу луѓе да проверат дали го цедат џогерот на правилен начин, бидејќи така ќе се осигура дека нема да останат траги од вода на подот.
@purdyandfigg Have you made any of these cleaning mistakes?! We’re giving you 3 ways you can step up your cleaning game with these quick and easy hacks 🧼 #cleaningtiktok #cleantok #cleaninghacks #lifehacks #dustprevention #dust #easyhack Cleaning mistakes Dusting Dusty house Clean home Life tips Home hacks Tiktok hack Clean with me Cleaning made easy Speed cleaning
Голем број корисници на TikTok открија дека ги прават истите грешки.
„Постојано слушам дека луѓето препорачуваат влажно бришење прашина, но тоа само ја шири прашината и мора постојано да се чисти крпата за да ја отстраните“, „Постелнините исушени на ветер или сонце се најдоброто нешто досега“, „Конечно некоја потврда“, „Одлични совети. Благодарам!“, напишаа следбениците.