Американската актерка Шерон Стоун (66) објави фотографија на која позира пред лифт во елегантна модна комбинација, но нејзиното лице го украде вниманието на нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Имено, актерката позирала со модринка под окото, а во описот на фотографијата напишала дека „патувањето ѝ било тешко“.
Оваа фотографија предизвика загриженост меѓу нејзините обожаватели, кои веднаш ѝ оставија бројни коментари под објавата.
Актерката реши да ја смири нивната загриженост и откри што се случило.
„Знам дека сите сте загрижени за тоа како имам модринка на моето око, па ќе ви кажам зошто е тоа така. Сум била во толку многу хотели и во толку многу земји. Станав среде ноќ да одам во бањата и не знаев каде сум, па го удрив лицето по мермерот“, објасни таа.
„Не, никој ништо не ми направи и да, совршено сум добро. Се забавувам и бев многу добри примена на моето патување. Бев насекаде“, рекла таа.
Потоа ги подигна очилата за сонце и ја покажа модринката на окото. На крајот, таа се пошегува и им се заблагодари на фановите за грижата: „Требаше да видите што му направив на тој мермерен под. Ви благодарам што се грижите за мене, а јас се грижам за вас. Ви благодарам“.
А видеото може да го погледнете ТУКА.