За овој чај по народен рецепт потребни ви се јаболко и ловор. По две недели оние кои го испиле велат дека главоболката исчезнува, а е одличен природен лек за мигрена.
Состојки:
1 јаболко
3 ловорови листови
1 литар вода
Подготовка:
Јаболкото исчистете го и исечете го на помали парчиња. Зовријте вода, додадете ловоров лист и варете 5 минути. Додадете ги јаболката и тргнете од оган. Покријте и оставете да отстои 10 минути. Процедете ја течноста, а по желба можете да додадете и малку мед.
Овој чај пијте го наутро на празен стомак или навечер пред спиење. Пијте го секој ден две недели и ќе заборавите на главоболката.
Забелешка: Пред да го користите овој чај, консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист.