Чај кој ги чисти токсините,добар е за срцето и ги топи мастите

popara5 јуни, 20241min00
Чај

Чајот мача, познат како природен стимуланс на метаболизмот, станува сè попопуларен поради неговите многубројни придобивки. Овој традиционален јапонски чај во прав не само што има сладок вкус, туку е богат со катехини и витамини А, Б, Ц и Е. Неодамна стана омилен додаток во кафулињата, но и во подготовката на храна.

Освен што го стимулира метаболизмот и помага за побрзо согорување на мастите, чајот од мача е познат и по својата способност да ги отстранува токсините од телото. Може да се додаде не само во пијалоци, туку и да се користи за подготовка на разни јадења. Можете да го додадете во тесто, њоки, па дури и во супа. Чајот мача е одличен зачин во јадењата, но може да додаде вкус и на домашниот сладолед или разни десерти.

Важно е да се напомене дека децата или бремените жени не треба да го конзумираат, а треба да се внимава доколку имате хронични заболувања. Пред да започнете со користење на чајот мача, се препорачува да се консултирате со лекар.

За да го подготвите чајот, зовријте вода на температура од околу 60°C, а потоа додадете еден до два грама прашок во водата и мешајте додека чајот не стане пенлив. Оставете го да отстои три до пет минути и испијте го веднаш за да ги искористите сите негови благодети, пренесува  Krstarica.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma