Од сите имоти што ги поседува низ Лос Анџелес, Бред Пит изгледа ја избра куќата што ја купи откако го продаде големиот имот каде што живееше со Анџелина Џоли за да живее заедно со дизајнерката на накит со која е во врска две години.
Иако со сигурност е познато дека Бред Пит од неодамна живее со својата девојка Инес де Рамон, не се знае точно кој од неговите многубројни имоти станал нивни дом. Се верува дека тоа е, според холивудските стандарди, прилично скромна куќа во Лос Фелиз која актерот ја купи минатата година. Имено, тој своето богатство од повеќе од 370 милиони евра го инвестира во недвижен имот, дел за даночни цели, а дел за инвестиции. Така минатата година тој го продаде прекрасниот имот што го делеше со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли и нивните шест деца, исто така во Лос Фелиз, за 36 милиони евра, а потоа го купи тој поскромен имот со „само“ три спални соби и две бањи. Но, тоа е прилично позната куќа која е дизајнирана од архитектот Нил М. Џонсон во 1960 година, а поради нејзината модерна градба во тоа време, го добила прекарот челична куќа.
Инес и Бред се во врска две години, а од неодамна живеат заедно.
Големината на куќата е 185 квадратни метри.
Челичната куќа се простира на скромни две илјади метри квадратни.
Откако се преселил, Бред Пит ја реконструирал куќата и поставил соларни панели.Овој мал павилјон од челик и стакло со димензии 185 квадратни метри има целосно отворен поглед на Лос Анџелес и е опкружен со густи тропски растенија кои го кријат од љубопитните очи. Во минатото му припаѓаше на Џејмс Валентин, гитаристот на Maroon 5, кој целосно го реставрира и во 2019 година го продаде на богатата наследничка Ејлин Гети, која потоа ја продаде на Бред Пит за 5 милиони евра.
Секако, куќата има и базен и сауна, а всушност е идеален дом за богат самец, но нема сомнеж дека Бред и Инес совршено функционираат во неа.