Четири начини на кои САМИ си го саботирате љубовниот живот

popara3 ноември, 20241min00
676 (28)

Сигурно многу пати сте слушнале од вашата пријателка: „Едноставно сите добри мажи се зафатени!“ Она за што не размислуваат тие, или вие самите, е фактот дека жените многу често избираат само погрешни мажи за себе.

Со овие потези се саботирате во пронаоѓањето на вистинската љубов:

Ја искривувате реалноста

Ако мажот ви каже дека не сака да се обврзе или не е подготвен за сериозна врска, верувајте му. Не го сфаќајте тоа како предизвик дека ќе се заљуби во вас и ќе сфати дека вие сте делот што недостасува во сложувалката на неговата среќа.

Ако сакате врска со маж кој нагласува дека не сака, нема што да барате.

Прифаќате неприфатливо однесување

Ве навредува, ве игнорира и омаловажува, а вие сепак го оправдувате? Дали разбирате што не е во ред овде? Ако се сметате себеси за личност достојна за љубов, од таква личност ќе бегате за жива глава.

Прифаќате помалку отколку што заслужувате

Ако сте свесни дека не сте целосно задоволни од врската во која се наоѓате, но тоа го оправдувате со реченицата дека „може и полошо“, стоите на патот на вашата среќа. Можеби мажот кој не ве прави среќни е сродна душа на друга жена, а некој што не прави друга жена среќна е ваш.

Не знаете што навистина барате од маж

Можеби сè уште не сте сигурни кои точно квалитети треба да ги поседува вашиот идеален маж. Во ред е, но тогаш не треба да ја форсирате врската, туку да истражувате и да дојдете до заклучок што точно сакате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag