Четири најбогати поп ѕвезди во светот: Вредат 4,5 милијарди долари, а еве која од нив убедливо го држи првото место

popara9 август, 20241min00
Ријана-Тејлор Свифт-Лејди Гага-Мадона

Ријана, Тејлор Свифт, Лејди Гага и Мадона моментално се најбогатите поп ѕвезди во светот!
Според последните извештаи и пишувања на американските медиуми нивното заедничко богатство моментално изнесува речиси 4,5 милијарди долари.

Ќе започнеме со Мадона, која финансиски е „најлесна“ од споменатите ѕвезди.

Богатството на Мадона се проценува на 850 милиони долари.

Поп-ѕвездата е на врвот на музичката сцена веќе 40 години и најголем дел од нејзината заработка доаѓа од продажба на албуми и турнеи. Во досегашната кариера има продадено повеќе од 300 милиони албуми, што ја прави најпродавана женска музичка уметница во историјата. Поседува различни уметнички дела вредни 100 милиони долари, како и неколку имоти чија вредност се проценува на 80 милиони долари.

На третото место е Лејди Гага, чие богатство се проценува на околу 900 милиони долари.

Пејачката, која кариерата ја започна во 2008 година, досега има продадено 80 милиони албуми ширум светот, со што заработи многу пари. Само во 2012 година, Гага заработи неверојатни 40 милиони долари од турнеи, поддршка и продажба на албуми. Пред неколку години лансираше линија на козметички производи од кои заработува милиони годишно.

Лејди Гага покрај музичката кариера успешно ја гради и актерската кариера, па во последните години ја гледаме во најпопуларните филмови кои ги добија најпрестижните награди. Наесен ќе ја гледаме во филмот „Џокер 2: Лудило за двајца“ рамо до рамо со Хоакин Феникс, а за улогата на Харли во таа драма е платена 12 милиони долари.

На второ место по богатство е Тејлор Свифт со неверојатни 1,3 милијарди долари!

Минатата година Тејлор стана првата музичарка која заработила милијарда долари. Целата заслуга за неверојатните финансиски приходи одат на нејзините албуми кои се продаваат во милиони примероци, но и на турнеите од кои таа заработува стотици милиони долари.

Пејачката минатата година го објави својот концертен филм „The Eras Tour“, кој заработи неверојатни 260 милиони долари во кината ширум светот, што го прави еден од најуспешните филмови во таа категорија. Тејлор моментално е на истоимената светска турнеја, а се предвидува дека само од неа ќе заработи две милијарди долари, што ќе биде најуспешната концертна турнеја во историјата.

Тејлор поседува и недвижен имот во вредност од 150 милиони долари.

На врвот на листата на најбогати поп пејачки во светот е Ријана со проценето богатство од неверојатни 1,4 милијарди долари!

Својата финансиска империја пејачката ја стекна благодарение на музиката, а најмногу на нејзините козметички и модни брендови. Нејзината козметичка компанија „Fenti“ се проценува дека вреди милијарда долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag