Чоколадна торта со 5 состојки без печење! Готова за 20 минути

popara8 март, 20241min00
Чоколадна торта

Подготовката е брза и едноставна, а резултатот е торта која ќе ги маѓепса сите ваши сетила.

Состојки :

200 гр темно чоколадо (можете да користите чоколадо за готвење)
200 гр путер
200 гр  бисквити
100 гр шеќер
100 мл млеко

Подготовка:

Во тенџере на ниска температура растопете го путерот заедно со шеќерот и млекото додека не се раствори шеќерот. Се трга од оган и се додава искршеното чоколадо. Мешајте додека чоколадото целосно не се растопи и смесата не се изедначи.

Во поголем сад ставете ги издробените бисквитите, а потоа прелијте со чоколадната смеса. Добро измешајте за бисквитот целосно да се премачка со чоколадо.

Подгответе тркалезен калап за торта обложете го со фолија. Во калапот сипете ја смесата од бисквитот и чоколадата, рамномерно распоредете ја по целата површина и лесно притиснете за да ја обликувате.

Ставете ја тортата во фрижидер и оставете ја да отстои најмалку 4 часа, идеално преку ноќ. Откако  ќе се излади и стегне, извадете ја од калапот и послужете.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag