Ви треба:
250 гр брашно
350 мл млеко
50 мл јогурт
50 мл крем за готвење
4 лажици стопен путер
2 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
екстракт од ванила
прстофат сол
150 гр темно чоколадо
50 гр мелени лешници
50 гр мелени бадеми
сируп од агаве или стевиа
Подготовка:
Во сад изматете ги белките со ванилиниот шеќер, па додајте ги останатите влажни состојки. Добро измешајте со миксер. Растопете ја црната чоколада и измешајте ја со смесата додека не стане компактна. Одделно измешајте ги брашното, засладувачот и мелените бадеми и лешници. Додадете ја смесата со брашно во садот, па повторно добро измешајте. Печете додека палачинките не добијат темно кафена боја, на средна температура. Добар апетит!