Потребно е:
300 гр шеќер
200 гр замрзнати јагоди
150 гр путер
400 гр мелени бисквити
банана
сок од ананас
100 гр темно чоколадо
3 лажици масло
Подготовка:
Во блендер изблендирајте ги бананите и јагодите. Се топи путерот, се меша со бисквити, овошје и шеќер. Додадете сок од ананас додека не се формира компактна маса. Чоколадото со маслото растопете го на пареа. Со рака ги обликувате топчињата и ги ставате во чоколадото. Оставете ги да се изладат во фрижидер неколку часа.