Шакира го најави новиот албум „Las mujeres ya no Lloran“: Многумина се сигурни дека е посветен на Пике

popara16 февруари, 20244min00
Шакира

Пејачката веста ја објави на својот Инстаграм профил, заедно со кои објави и неколку фотографии од албумот, а ова ќе биде нејзин дванаесетти студиски албум.

По седум години популарната колумбиска пејачка Шакира го најави својот дванаесетти студиски албум „Las mujeres ya no Lloran“ (во превод „Жените не плачат повеќе“), кој ќе биде објавен на 22 март.

Пејачката веста ја сподели со своите фанови на својот Инстаграм профил. “Го направив овој албум со помош на вас кои секогаш бевте тука за мене. Додека ги пишував песните, повторно станав. Пеејќи ги, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила”, напиша 47-годишната Шакира. Новиот албум има 16 песни – 8 нови, плус ремикс и 7 претходно објавени хит синглови.Обожавателите не можеа да го сокријат својот ентузијазам во коментарите, а многу од нив посакуваат турнеја.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Ова ќе биде нејзин 12-ти студиски албум и прв по речиси седум години. Имено, таа го издаде „El Dorado“ во 2017 година, кој донесе грст различни жанрови од латино музика, регетон, трап, салса до хип-хоп.„El Dorado“  имаше и бројни соработки со познати музичари, меѓу кои се издвојуваат две песни со Малума „Trap“ и „Chantaje“ – која има речиси три милијарди прегледи на YouTube.

Обожавателите наскоро ќе дознаат дали албумот навистина најмногу ќе биде за поранешниот фудбалер. Во 2011 година, колумбиската пејачка се вљуби во 10 години помлад шпански фудбалер, со кој има два сина, 11-годишниот Милан и деветгодишниот Саша. Иако изгледаа како хармоничен пар, многу фанови беа шокирани од веста во 2022 година дека се разделуваат по 11 години врска. Подоцна беше откриено дека Пике имал афера со Клара Чиа Марти, а познатата колумбијка откри дека нејзиниот партнер ја изневерува.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag