Овој режим на исхрана подразбира намалено внесување на јаглехидрати, а акцентот е ставен на мастите и протеините.
Уште една поволност на оваа диета е што можете да заборавите на калориите и одредените часови во кои смеете да јадете, но затоа мора да се придржувате до правилата.
Шведската диета ги дели намирниците на 3 основни групи:
Дозволени намирници
– Сите видови месо
– Сите видови риби и ракови
– Јајца на сите начини
– Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)
– Млечни производи исклучиво со висок процент маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)
– Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)
Дозволени понекогаш
– Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер
– Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.
– Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)
Не е дозволено
– Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи
– Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)
– Маргарин и рафинирани масла
– Алкохол, посебно пиво
Исхраната е едноставна и не го оптеретува организмот, па посебно се препорачува во моментите кога сакате брзо да ослабете некој килограм без изгладнување или да ги исфрлите вишокот маснотии.