Шер најавува повлекување од музичката индустрија по повеќедецениска кариера

popara28 ноември, 20241min00
Cher on the 'Today' show on Tuesday, Nov. 19

Познатата пејачка Шер е подготвена да се повлече од музичката индустрија по повеќе од шест децении по објавувањето на новиот албум.

Легендарната Шер потврди дека следниот албум најверојатно ќе и биде последен. Зборувајќи пред публиката во театарот „Lyceum“ во Лондон оваа недела, таа рече дека е време да ја напушти кариерата.

Пејачката призна дека е подготвена да се смири, но дека сака прво да издаде албум. Нејзиниот последен албум беше објавен во 2013 година, што е прилично долга пауза. Таа признала дека новиот албум ја воодушевил, но дека веројатно и е последен албум.

Кариера која се протега повеќе од шест децении

Според The ​​Sun, таа била возбудена поради нејзините нови „одлични“ песни. Но, потоа се пошегува на сметка на своите години, додавајќи: „Стара сум, најстара сум насекаде, освен кога сум во старечки дом“.

Таа исто така рече дека би сакала повторно да има 60 години.

Таа призна дека не и било секогаш лесно да се справи со стареењето и рече дека сепак претпочита да биде опкружена со млади луѓе.

„Ми се допаѓаат младите бидејќи многу мои пријатели не сакаат да се забавуваат толку многу“, рече таа.

Шер моментално е во врска со раперот Александар „АЕ“ Едвардс кој е 40 години помлад од неа. Парот имаше бројни јавни настапи во текот на изминатата година.

Како одговор на критиките за големиот јаз во години, Шер накратко искоментира: „Љубовта не знае математика“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag