ШЕСТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ КИКИРКИ: Најдобар додаток на исхраната во зима

popara1 декември, 20241min00
Raw,Peeled,And,Whole,Peanut,Nuts,In,Glass,Jar,On

Во студените месеци се движиме помалку и почнуваме да јадеме повеќе од потребното. Во овој период некои избираат храна која всушност не е добра за организмот бидејќи влијае на намалување на нивото на енергија.

Сепак, една храна која многу луѓе сакаат да ја јадат како ужина е всушност добар избор кога станува збор за зимската исхрана.

За „Health Shots“ нутриционистите ги издвоија кикириките како таква храна и споделија шест причини зошто повремено треба да ги додавате во исхраната како здрава алтернатива на чоколадите, чипсот и сличните опции.

Богати со здрави масти: Кикиритките се одличен извор на здрави масти, особено мононезаситени масти, кои можат да ви помогнат да бидете енергични за време на постудените месеци.

Овие масти го поддржуваат и здравјето на срцето со намалување на нивото на лошиот холестерол.

Позитивно влијаат на енергијата: за време на студените месеци често може да се чувствувате слабо, но кикириките се одлична ужина за да го зголемите нивото на енергија.

Комбинацијата на здрави масти, протеини и влакна во кикириките го зголемува нивото на енергија, одржувајќи ве активни и будни дури и во студените денови.

Го подобруваат здравјето на кожата: Ладниот воздух може да ја направи кожата сува, но кикириките содржат ниацин (витамин Б3), кој помага да се одржи кожата хидрирана, блескава и здрава.

Оваа храна ја поддржува циркулацијата на крвта, што може да биде особено корисно кога надвор е ладно, пренесува Index.hr.

Го зајакнуваат имунитетот: Преполни со витамини како витаминот Е, кикириките помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем, што е особено важно во зима кога настинките и грипот се почести.

Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој се бори против инфекции.

Го регулираат нивото на шеќер во крвта: Протеинот и влакната во кикириките помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.

Ова ги прави одлична закуска за оние со дијабетес или за оние кои сакаат да одржат стабилно ниво на енергија во текот на денот.

Поддршка за варење: кикириките се добар извор на влакна кои го помагаат варењето и спречуваат запек.

Влакната помагаат да се одржува непречено функционирање на вашиот дигестивен систем, што е од суштинско значење кога јадете потешка храна во зима што може да влијае на нормалната дигестивна функција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag