Актерката и пејачка Селена Гомез (31) е позната по својата ангелска убавина и пријатната енергија со која го маѓепсува целиот свет. Таа во последните неколку години стана и успешен претприемач, лансирајќи синџир на козметика под името „Rare Beauty“, поради што нејзината рутина за убавина моментално е во преден план.
Сите сакаат да знаат која е тајната на нејзината младешка убавина и како ја нанесува шминката, т.е. што бара од своите шминкери, бидејќи честопати не мора самата да се труди кога станува збор за разубавувањето.
Во неодамнешното видео на TikTok, нејзината шминкерка Мелиса Мјурдик откри трик што го користела за да ја нашминка ѕвездата од „Wizards of Waverly Place“. Овој трик прави нејзината долна усна да изгледа пополна.
@itsmakeupbymelissam Makeup is all about placement!! This is a handy trick for fuller, more polished lips #liphack #makeuphack #lipstick #contourhack #contour #selenagomez #easymakeup
Мелиса лесно го контурира пределот под долната усна со молив за контурирање. Таа истакна дека е важно контурата да биде концентрирана на средниот дел под долната усна, и да не се шири налево или надесно, за да се постигне најприроден ефект.
Следниот пат кога ќе почнете да го контурирате лицето, запомнете го овој мал трик. Тоа значително ќе го подобри вашиот изглед без многу напор.