Познатото дуо насмеа многумина со своето појавување на Оскарите во 2024 година.
Ѕвездите од филмот „Близнаците“, Арнолд Шварценегер и Дени Девито повторно се обединија на 96-тото доделување на Оскарите.
Холивудските легенди беа пречекани со овации, а целиот театар “Dolby“ беше на нозе.
– Не собраа од логична причина. И двајцата се обидовме да го убиеме Бетмен. Јас бев пингвинот, а ти беше господин Ајс. Тука е Бетмен. Ајде да го претепаме – се пошегува дуото, покажувајќи со прст кон Мајкл Китон, кој го портретира познатиот суперхерој.
Инаку, тие ја доделија наградата за најдобри специјални ефекти, која ја освоија Такаши Јамазаки, Кијоко Шибуја, Масаки Такахаши и Тазуџи Ноџима за јапонскиот хит „Godzilla Minus One“.