Шон Пен откри дали ја тепал Мадона со бејзбол палка! По 37 години ја кажа целата вистина

popara25 јуни, 20241min00
Шон Пен и Мадона

По повеќе од три децении, Шон Пен одговори на обвинувањата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Мадона.
Актерот беше во брак со пејачката од 1985 до 1989 година. Во 1987 година се појавија обвинувања дека тој физички ја малтретирал Мадона, вклучително и удирајќи ја со безбол палка,Мадона сето тоа го негираше.

Во неодамнешното интервју за Њујорк Тајмс, Шон Пен, кој сега има 63 години, беше прашан за тие гласини.

– Специјална единица на полицијата дојде кај мене дома – рече Пен дека тоа било во моментот кога Мадона на полицајците им рекла дека чуваат оружје во куќата и додала:

– Им реков: „Нема да излезам, ќе го завршам појадокот“. Потоа ги скршија стаклата од куќата и влегоа внатре. Ми ставија лисици и ме одведоа во притвор.

Оскаровецот рече дека знаел дека имало обвинувања за злоупотреба во медиумите и дека една жена му рекла дека „тој ја удрил Мадона во глава со безбол палка“.

– Не знаев за што зборува. Сега, мислам дека е фер да се каже дека не сум најубавото момче на светот. Но, ако го удрам Мајк Тајсон во глава со бејзбол палка, тој ќе оди во болница. Мадона е некој што го сакам – изјавил Пен, додавајќи дека и по разводот останале во пријателски односи, ставајќи крај на наводното злоставување.

Во 2015 година, Мадона ги негираше обвинувањата дека Шон ја претепал со палка.

– Иако сигурно имавме повеќе од една жестока расправија за време на бракот, Шон никогаш не ме удри, не ме врза, ниту физички ме нападна. Секое тврдење за спротивното е срамота, злонамерно, непромислено и лажно – изјави тогаш Мадона во нејзината изјава.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag