Што ги привлекува мажите кај жените: Во што најмногу се заљубуваат

popara30 јуни, 20241min00
Screenshot_7

Вистина е дека секој маж ќе се сврти по згодна жена, но тоа не значи и дека сака да биде во врска со неа. Иако поголемиот дел од жените мислат дека мажите бараат само убави и згодни жени, тоа не е баш така.

 

 

 

Колумнистот Ентони Д’Амброзио открива што всушност мажите сакаат да пронајдат во жената, а на оваа листа изгледот воопшто не е ни спомнат.

 

Карактер

 

Вистинската убавина не доаѓа однадвор. Да се биде убав е прашање на тоа каква личност сте одвнатре. Д’Амброзио вели дека запознал многу жени кои изгледале совршено однадвор, но имале ужасен карактер. Мажите сакаат жената да биде своја и да го покаже својот карактер.

 

Почит

 

Начинот на кој се претставувате зборува многу за тоа каква личност сте вие. А ова важи и за социјалните мрежи кои за многу мажи се влез и поглед во вашит живот. Мажите не сакаат жени кои се насекаде. Не можете да почитувате маж ако не се почитувате себеси.

 

Приврзаност

 

Физичкиот контакт им е многу важен на мажите, за нив се почнува со допир. Па затоа не се воздржувајте од тоа да го прегрнувате и бакнувате вашиот маж и да барате заштита од него. Нему тоа многу ќе му значи. Исто како и жените, и мажите сакаат жената прва да ги бакне, да ги фати за рака, да ги прегрне или да ги праша како им прошол денот.

 

Интелигенција

 

Конструктивниот разговор ги излудува мажите. Интелигентните жени знаат многу за светот кој ги опкружува, но имаат и желба да променат некои работи. Размислуваат критички и ги поттикнуваат мажите да размислуваат. Сакаат да бидат успешни и немаат грижи за тоа каква торба ќе купат.

 

Самодоверба

 

Животот е тежок и секој ден е нова борба, па затоа мажите се среќни кога покрај себе имаат жена полна со самодоверба. Жената која се сака себеси и која се соочува со своите недостатоци – ќе го сака и својот маж.

 

Амбиции

 

Мажите сакаат кога тие се грижат за своето семејство и планираат, но поеднакво важно им е и жената да се вклучи во сето тоа. Не сакаат сите одлуки да ги носат сами, сакаат жена „визионер“ која ќе им биде поддршка и столб и која исто така ќе има планови за заедничката иднина. Жените кои не тежнеат кон ништо најчесто им се одбивни на мажите.

 

Скромност

 

Во потрагата по животната партнерка, мажите често посакуваат таа да биде скромна. Скромните жени имаат сочувство кон другите и често ја ставаат туѓата среќа пред својата. Но, тоа го прават на начин кој и на нив им носи мир и среќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag