Со почетокот на есента треба да му се помогне на телото да се обнови. Особено е важно да се зајакне имунолошкиот систем, бидејќи студената сезона е пред нас. Терапевтката Свјетлана Бурнацкаја изјави дека наесен е многу важно да го прилагодите стилот на спиење, што значи да стекнете навика да си легнете на време и да избегнувате недостаток на сон.
Покрај тоа, потребно е да пиеме доволно вода за да ги одржуваме сите телесни системи во форма, а важно е и што јадеме. Терапевтот препорачува да се вклучат јогурти богати со пробиотици, јаткасти плодови, семки, цитруси и лук во исхраната, пренесува Индекс.
„Портокалите, лимоните и грејпфрутот се богати со витамин Ц, кој помага во одржување на имунолошкиот систем. Лукот има антимикробни својства и му помага на телото да се бори против инфекциите. Ѓумбирот, пак, има антивоспалителни својства и помага при настинки“, вели таа.
Нутриционистите велат дека возрасен човек може да јаде по еден портокал секој ден. Ако изберете мандарини, не консумирајте повеќе од три до четири дневно.