Што е БАНАНА ДИЕТА? Многу е едноставна

popara23 јули, 20241min00
Screenshot_6

Бананите генерално ги сакаат сите – и тоа е само една од причините што ја направија јапонската диета со банани супер популарна.

 

 

 

Диетата со банани не е комплицирана, евтина е, а во зависност од вашата тежина може да ви помогне да изгубите два до десет килограми за помалку од две недели. Добро, ова не звучи како голема гаранција, но затоа сите се повикуваат на искуството на креаторите на оваа диета.

 

Имено, Сумико Ватанабе, фармацевт од Осака, го смисли овој едноставен план на исхрана за да ѝ помогне на нејзината сопруга Хитоши да го забрза метаболизмот и да се избори со прекумерната тежина – и успеа во тоа, наводно изгуби дури 17 килограми за само неколку недели. Двојката се пофали на социјалните мрежи, по што диетата со банана доби огромна популарност.

 

Посебен плус се прилично едноставните правила.

 

Главната работа е да јадете банани за појадок со чаша или две вода на собна температура. Може да јадете повеќе од една банана, но не претерувајте, застанете на првата ако ви е доволно. Јадете ги свежи, без готвење, замрзнување и додавање јогурт или мусли. Водата што ја пиете мора да биде на собна температура и во остатокот од денот, никогаш не смее да биде студена.

 

Што се однесува до другите оброци, нема специфични препораки за тоа што треба да јадете за ручек или вечера, нема броење калории и практично нема забранета храна. Важно е само да јадете помали порции и никогаш да не се прејадете. Стоп кога ви е  најслатко и обидете се да се држите до здравата храна.

 

Ќе мора да се откажете од десерт, а не се препорачуваат ниту алкохолни пијалоци, сокови, кафе. Ако навистина чувствувате потреба за слатки нешта, после 15 часот можете да изедете коцка чоколадо или некое овошје.

 

Не јадете после 20 часот, но би било идеално да ги завршите оброците до 18 часот. Диетата се практикува седум или 14 дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag