Што е микроизневерување и дали несвесно го правите?

popara16 јули, 20241min00
Screenshot_9

Никој не сака да биде изневерен. Но, што ако сте вие партнерот кој изневерува? И уште полошо, што ако сте вие сте личноста која изневерува, а не сте ни свесни за тоа?

 

 

 

Ова сценарио можеби ви се чини невозможно, но терапевтите издвоија нов начин на изневерување.

 

Покрај „класичната“ прељуба и емоционалното неверство кога намерно се поврзувате со луѓе на начин што се граничи меѓу пријателското и љубовното, но не доаѓа до физичко неверство, има и уште еден вид – микроизневерување.

 

Иако самиот израз не открива многу, станува збор за сите оние ситници што ги правите кога знаете дека би можело да се најдете во друштво на некоја личност што е посебна за вас.

 

Ја одбирате најдобрата (или најпровокативната) комбинација за излегување, на партнерот му премолчувате дека новиот колега/соработник е привлечен и згоден, интензивно „лајкувате“ објави на некоја личност на социјалните мрежи…

 

Со други зборови, ги правите сите оние работи за кои и самите знаете дека би ве повредиле ако другиот ги прави, но негирате дека ги правите. Исто како што ги игнорирате постојаните проблеми во врската.

 

Ако се препознавте себе си, или вашиот партнер, во овие знаци на микроизневерување, нема причина за преголема загриженост. Искрено разговарајте и дознајте која е причината за ваквото однесување. Можеби ви недостига взаемно внимание или да поминувате повеќе време заедно.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag