Што е поздраво – масло или свинска маст?

popara15 февруари, 20241min00
Screenshot_3

Ни постарите веќе не паметат и не знаат како да објаснат кога преминале од маст на масло. Одолеваат само ванилиците, кои не се добри ако се направат со масло.

 

 

 

 

Дали маста е здрава и поевтина? Дали свинската маст се разликува и дали телото треба постепено да се навикнува на маст, ако досега не сме ја користеле?

 

Проф. д-р Воислав Перишиќ, гастроентеролог од соседна Србија, истакнува дека некогаш се користела само маст, а подоцна индустријата на пазарот донела употреба на различни масла. Исто така, тоа на жените им олесни да ги подготват оброците, од технички спект.

 

„Лично мислам дека тоа беше модел на манипулација. Мастите се многу здрави, некои масни киселини имаат антиинфективно дејство. Ти се нанесуваат и на рани“, рече д-р Перишиќ за РТС.

 

Како што истакна д-р Верослава Станковиќ, специјалист за исхрана, кампањата против маста започнала во средината на 80-тите, но луѓето во светот сè уште умираат од кардиоваскуларни болести и дијабетес, што значи дека проблемот не бил во мастите.

 

Кога ќе го погледнете составот на мастите на собна температура, тие се полуготови, содржат некои незаситени масни киселини. Околу 48% од содржината се незаситени масни киселини, исти како оние содржани во маслиновото масло.

 

Тие исто така содржат 11% полинезаситени масни киселини во комбинација од омега-3 и омега-6 масни киселини.

 

„Заситените масни киселини се неопходни во нашата исхрана поради централниот нервен систем и клеточните мембрани. Мастите имаат точка на димење на 190°C, а маслата на 270°C. Мастите на топлина не создаваат слободни радикали и транс масни киселини. И свинската маст содржи огромно количество на витамин Д, доколку свињата се храни надвор, така што една лажица свинска маст содржи 1.000 меѓународни единици витамин Д“, објаснува д-р Станковиќ.

 

„Витаминот Д е антиинфективен и анти-автоимун витамин. Го има во сите суплементи што ги користам во лекувањето на моите пациенти. Свинската маст е здрава и неопходна во исхраната, подобра е од лососот. Поголемиот дел од лососот кој се продава низ светот е „вештачки“. Само лососот од Алјаска е вистински и поскап. Лососот се одгледува во базени и вештачки се храни“, додава д-р Перишиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag