Жената сака да биде негувана и убава, па затоа вложува многу во својот изглед. Шминката, фризурата и маникирот се нешто што секогаш мора да си го најде своето место во распоредот на една жена.
Најчесто посетуваме маникир и педикир за да имаме убави и негувани нокти. И секогаш се трудиме да бидеме во тренд и да ја одбираме бојата што е актуелна или онаа која најмногу ни се допаѓа.
Дали знаевте дека бојата на ноктите може да открие многу за нас? Откривме неколку упатства.
Црн лак
Иако многумина ќе речат дека луѓето со црн лак одат со главите „зјапајќи“ во подот, оваа боја може да значи и дека личноста е креативна и останува будна до доцна во ноќта за да разменува коментари на социјалните мрежи за одредена тема.
Розов лак
Девојка која носи розов лак може да укаже на некој со силен карактер која покажува дека нема поголеми проблеми во животот, пишува „Society 19“.
Лак во боја на кожа
Ако се одлучите за оваа боја на нокти, тоа значи дека се држите до манирите и елеганцијата.
Бел лак
Личност со оваа боја на ноктите може да укаже на личност која ќе ги сврти сите погледи во кафуле, како и личност која работи волонтерска работа.
Лак во боја на лимета
Ако ја носите оваа нежна зелена боја, може да открие дека сте млад дух, како и дека сакате да се дружите со постарите.
Црвен лак
Познато е дека овој лак претставува страст, а исто е и кога ќе се најде на ноктите. Тоа може да значи личност која е доминантна, која знае што сака и се бори за тоа со сите сили.
Лак за нокти со светки
Доколку носите ваков лак, тоа не значи дека сте „дете“, туку дека сте „претрупан“ со вашиот стил и дека не ви е гајле што мислат другите за вас.
Која боја ја избирате?