Што ќе му се случи на нашето тело ако секој ден јадеме по две лажички мед?

popara22 октомври, 20241min00
1729489717-honey-1006972_1920-750x500

Истражувањето објавено во 2022 година во научното списание Nutrition Reviews покажа дека медот може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Во истражувањето учествувале 1.110 луѓе и тоа траело околу два месеци, а резултатите покажале дека медот позитивно влијае на здравјето на срцето и дека поволно влијае на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Испитаниците генерално консумирале околу две полни лажички мед дневно, но било забележано дека суровиот мед е тој што дава многу повеќе придобивки, додека преработениот мед не е толку ефикасен кога се работи за придобивките за организмот, пренесува Danas.rs.

„Овие резултати се изненадувачки, имајќи предвид дека медот е приближно 80 проценти шеќер. Но, медот е и сложен состав од шеќери, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето.

Медот е богат со антиоксиданси кои се добри за здравјето на срцето. Содржи флавоноиди кои имаат способност да спречат формирање на згрутчување на крвта, но и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес“, вели нутриционистката Кетрин Гервасио за Nutrition Reviews.

На крајот, експертите се согласуваат дека една до две лажици суров мед дневно се доволни за да ги добиете хранливите материи што ви се потребни за добро здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag