Лили синоќа се појави на премиерната забава за „The Devil Wears Prada: The Musical“ во гламурозен златен фустан до подот. Фустанот на Лили Колинс е дизајниран од модната куќа Вивиен Вествуд, а одлично истакна колку е згодна.
Гледаме дека и понатаму е наклонета на краток боб, фризурата која годинава го освои светот.
На Лили (35) и се придружи нејзиниот сопруг, американскиот филмски режисер и сценарист Чарли Мекдауел (41), со кој се омажи во 2021 година.
Лили со години се бореше со анорексија
Актерката неколку пати јавно проговори за нејзината борба со нарушување во исхраната, поточно анорексија. Во својата автобиографија таа детално опиша низ што поминала бидејќи чувствувала голем притисок што и е наметнат од забавната индустрија. Како што рекла, се борела со анорексија, булимија и опсесивно вежбање.
Сепак, тие денови се зад Лили сега, и таа изгледа подобро од било кога.