Ѕвездата на „Еуфорија“ непрепознатлива: „Оземпик зеде уште еден ангел“

popara20 јули, 20241min00
Screenshot_8

Американската актерка Барби Фереира (27), најпозната по својата улога во тинејџерската драма „Еуфорија“ („Euphoria“), е забележана во Лос Анџелес, каде прошетала во лежерно издание – бела маичка, класични фармерки и апостолки. Целата комбинација ја дополнила со темно кафеава чанта и розова лента во косата, која ја собрала во едноставна пунџа.

 

 

 

Сепак, на што го привлече вниманието беше нејзината очигледна промена во тежината, односно дека таа евидентно ги намалила килограмите.

 

Претходно, Фереира беше актуелна во медиумите поради нејзината последна објава на Инстаграм. На тие фотографии таа позира во кафеав фустан, под кој носи црн градник со тантела.

фс
EXCLUSIVE: Euphoria Star Barbie Ferreira Steps Out After Showing Off Dramatic Weight Loss in Los Angeles

Таа ги воодушеви своите следбеници со новиот изглед и многумина ѝ коментираат дека „изгледа феноменално“. Сепак, многумина се загрижени за здравјето на актерката и сметаат дека таа почнала да користи „сомнителни и несоодветни“ лекови за да ги намали килограмите.

 

„Оземпик си зеде уште еден ангел“, напиша еден од нејзините обожаватели. „Многу од славните личности тврдат дека си ги сакаат телата такви какви што им се, а потоа нагло губат килограми благодарение на лекови како што е Оземпик“, додаде друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma