Ѕвездата на филмот „Сам дома“ се приклучува во втората сезона на серијата „The Last of Us“

popara5 февруари, 20241min00
o_32157403_1280

Кетрин О’Хара ќе глуми во втората сезона на познатата серија на HBO „The Last of Us“. Деталите за ликот на О’Хара се уште не се познати, но познато е дека втората сезона ќе има премиера на стриминг платформата HBO дури во 2025 година, а во неа ќе ги видиме Јанг Мазин (од серијата „Beef“) и Изабела Мерсед (од филмот „Мадам Веб“).

Откако првите две епизоди ги срушија рекордите на гледаност, серијата наскоро доби зелено светло за втора сезона. „The Last of Us“ се базира на истоимената видео игра развиена од Naughty Dok за платформите на PlayStation. Приказната за првата сезона се одвива дваесет години по уништувањето на модерната цивилизација. Еден од преживеаните, Џоел, е ангажиран да ја прошверцува 14-годишната Ели од карантин. Она што изгледа како не многу предизвикувачка задача наскоро се претвора во тешко патување каде што зависат еден од друг за опстанок. Џоел го отелотвори Педро Паскал, најпознат по улогата на агентот Хавиер Пена во криминалистичката серија „Narcos“, додека Ели ја играше Бела Ремзи, а ја паметиме како Лијана Мормонт од уште еден успех на HBO „Игра на тронови“.

69-годишната актерка О’Хара е позната по улогата на мајката на Кевин, Кејт Мекалистер во филмовите „Сам дома“ и „Сам дома 2“ и како Моира Роуз во серијата „Шитс Крик“. Ликот на Моира ѝ донесе престижната награда Еми во категоријата најдобра актерка во комедија во 2020 година.

Втората сезона носи и нови ликови. Така во улогата на Аби ќе ја видиме Кејтлин Девер, која ќе им го загорчи животот на главните ликови Ели и Џоел. Имено, Џоел го убива хирургот, кој случајно и е татко на Аби, а поради смртта на неговиот татко, тој решава да се одмазди. Девер се прослави како Мари Адлер во мини серијата „Неверојатно“ и како Лили Котон во филмот „Билет за рајот“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag