Ѕвездата на „Succession“ откри како ѝ рекле дека мора да ослабне за да биде успешна

popara16 јануари, 20241min00
o_31876497_1280

По Златниот глобус и наградата за избор на критичарите за улогата во „Наследство“, 36-годишната австралиска актерка Сара Снук има многу причини за славење, а најважните награди и ги посвети на ќерката што ја носеше додека ја снимаше четвртата сезона на популарната серија на HBO.

Со улогата на Шиван „Шив“ Рој, наследничка на медиумска империја и амбициозна ќерка на стар магнат од весници, таа стекна светска слава, а приватно среќата ја најде со девет години постариот колега, комичарот и актер Дејвид Лосон, со кој се запознала за време на пандемијата на коронавирус.

image

Иако нејзиниот живот денес изгледа како мед и млеко, почетокот на нејзината кариера бил доста тежок. Сара зборуваше за искушението низ кое поминала во интервју за The Sunday Times.

„Еден ден дојдов на сетот и изедов парче чоколадна торта што им беше послужено на актерите за време на паузата на снимањето. Еден од извршните продуценти ме виде како јадам и полуде, бидејќи претходно ме замоли да ослабам. Ми кажа дека сум ја изневерила, бидејќи ѝ ветив дека за улогата ќе ги избелам забите, ќе ја потемнам бојата на косата и ќе ослабам под водство на личен тренер. Можете да замислите како се чувствував“, изјави Сара Снук, која се согласила на сите овие барања бидејќи мислела дека тоа се правилата на игра во светот на шоу бизнисот, на кои сите останати мора да се прилагодат.

image

„Денес знам дека тоа не е така и дека во Холивуд има место за нетипични ѕвезди како мене“, заклучила Сара Снук.

За разлика од ликот Шив Рој, кој не излегува од деловни костуми потпишани од Ралф Лорен, Сара сака многу порелаксирана облека. Таа признава дека не е луда по модата и дека не е баш највешта во изборот на креации за црвениот тепих, а формата ја одржува со сечење дрва на семејната фарма во близина на Мелбурн.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag