Често го гледаме Бредли Купер како шета низ Њујорк, но познатиот холивудски шармер сака слободното време да го поминува во Пенсилванија, каде што е роден.
Неодамна купил камена куќа во Њу Хоуп сместена во зелена оаза која има и рибник и приватно езеро од 20 хектари.
За ова мирно катче одвои цифра од 6,5 милиони долари, а ќе ужива во дури 6.300 квадратни метри станбена површина и седум спални соби и шест бањи.