Мрачните и студени зимски денови често предизвикуваат чувство на непријатност и незадоволство. Најчестата причина за тоа е недостатокот на витамин Д во организмот. За разлика од летото, кога сонцето ве снабдува со доволно витамин Д, во зимските месеци треба сами да се грижите за тоа преку исхраната. За да успеете во тоа и да се чувствувате добро во текот на зимата, треба почесто да ги јадете овие пет намирници:
Јајца
Јајцата содржат многу витамини и минерали, но витаминот Д се наоѓа само во жолчката. Затоа, не избегнувајте ги жолчките ако држите диета и ако внимавате на калориите. Се разбира, не треба веднаш да испржите 10 јајца – бидете умерени и јадете ги повремено.
Млеко со низок процент на масти
Освен што кравјото млеко содржи многу калциум, богато е и со витамин Д. Една чаша содржи околу една шестина од препорачаната дневна доза.
Лосос
Освен што е вкусен, лососот е богат со витамин Д. Со 85 грама зготвен лосос е покриена речиси целата препорачана дневна доза на витамин Д.
Печурки
Печурките се богати со витамин Д, иако количината може да варира во зависност од видот. Сепак, се препорачува почесто да се консумира оваа храна во зима.
Сок од портокал
Свежиот цеден сок од портокал е подобар, но ќе ги задоволите дневни потреби на витамин Д и со купен сок од портокал. Во таквите пијалаци има околу една третина од потребната дневна доза во една чаша.