Јадете го ОВА ОВОШЈЕ СЕКОЈ ДЕН – драстично го намалува холестеролот: Го намалува и ризикот од мозочен удар

popara30 јуни, 20241min00
Screenshot_4

Високото ниво на холестерол е една од главните причини за развој на кардиоваскуларни заболувања, па затоа е неопходно да се контролира за да немаме здравствени проблеми.

 

 

 

 

Освен со лекови, високиот холестерол може да се контролира и со приспособена исхрана. Нутриционистката Ели Брешер откри кои овошја е најдобро да ги јадете секој ден за да го контролирате нивото на холестерол.

 

„Јаболката се хранливо овошје богато со добри хранливи материи. Тие содржат десет проценти од дневниот внес на витамин Ц, бакар, витамин К и витамин Е“, истакнува нутриционистката.

 

Ова хранливо овошје треба да се јаде редовно, а според нутриционист, оние кои сакаат да влијаат на нивото на холестерол треба да јадат јаболка секој ден.

 

„Јадењето едно јаболко дневно е одлична навика за здравјето на срцето. Не само што пектинот во јаболкото помага во намалување на холестеролот, туку и полифенолите во јаболката се поврзани со намалување на крвниот притисок и намален ризик од мозочен удар“, тврди таа.

 

Она што го тврди Брешер се совпаѓа со резултатите од истражувањето објавено во 2020 година во Американскиот весник за клиничка исхрана. Студијата спроведена од истражувачи од Велика Британија и Италија покажала дека јадењето едно до две јаболка дневно може значително да го намали нивото на холестерол, пренесува британски Express.

 

Како дел од истражувањето, 40 испитаници кои јаделе по две јаболка дневно во текот на осум недели го намалиле нивото на холестерол. Истражувачите исто така откриле дека луѓето имаат поздрави крвни садови откако јаделе јаболка секој ден, што е слично на ефектот забележан кај другите намирници кои содржат природни соединенија наречени полифеноли, како црвено вино и чај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma