Селена Гомез испроба бунтовен стил.
Пејачката и актерка (31) присуствуваше на самитот Time100 во Њујорк во средата, на 24 април, во целосно црна облека инспирирана од Матрикс. Ѕвездата изгледаше кул како и секогаш во широка црна кожна јакна и црн фустан со кожен корсет. Изгледот го дополни со црни потпетици со отворени прсти, црни очила и суптилен накит.
Стилистката Ерин Волш сподели на Инстаграм дека фустанот на Гомез е од дизајнерот Брендон Максвел, а нејзината јакна е од Ducie London. Нејзините модерни потпетици се од брендот Black Suede Studio.
Косата на ѕездата беше стилизирана, а на лицето имаше шик и едноставна шминка.
За време на настанот, Гомез се појави да се осврне на гласините дека се повлекува од нејзината козметичка линија, Rare Beauty.
„Мислам дека не одам никаде. Премногу уживам во ова“, рече таа за време на прашања и одговори на сцената, додавајќи дека компанијата е нејзина „гордост“, пренесува People.