Ја измивте косата и веќе ви е мрсна? Овие трикови ќе ја одржат чиста со денови

popara30 мај, 20241min00
Screenshot_4

Постојат неколку едноставни начини кои ќе ви овозможат поретко да ја миете косата. Сигурно неколку пати ви се случило да го прескокнете редовниот ден во кој ја миете вашата коса и одеднаш таа изгледа толку нечиста што освен топла вода и шампон ништо друго не може да ѝ помогне.

 

 

 

 

Но што доколку ви кажеме дека постојат неколку едноставни начини кои ќе ви овозможат што поретко да ја миете вашата коса?

 

Првиот совет е да оставите косата да ви се суши по природен пат, а употребата на препарати за нејзино стилизирање да ги користите само за специјални пригоди.

 

Со фен исушете го коренот на косата

Кога ќе ја измиете вашата коса, оставете ја да се исуши по природен пат, но коренот на косата исушете го со фен. Тоа ви овозможува да имате коса која помалку ќе ви биде мрсна и која ќе има волумен.

 

Користете капа за време на туширање

Кога се туширате задолжително користете капа за туширање затоа што само така ќе успеете да спрeчите да ви се измрси косата.

 

Шампон за суво миење на косата пред спиење

Секако, шампонот за суво миење на косата е едно од решенијата. Сепак тој ќе заблеска во целосен сјај кога ќе го нанесете на вашата коса пред спиење. Следното утро ќе се разбудите со коса полна со волумен. Исто така пробајте помалку да ја допирате вашата коса со прстите затоа што на тој начин уште повеќе ја мрсите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma