Ја мразела како дете, никогаш не ја прифатила во семејството: Маќеата на Мадона починала од тешка болест

popara28 септември, 20241min00
Screenshot_13

Маќеата на Мадона, Џоан Чиконе, почина во вторникот по тешка борба со агресивна форма на рак. Таа имаше 81 година, пренесува „Пејџ сикс“.

 

 

 

„Таа ужасно ќе им недостига на нејзиното семејство и пријателите, чии животи ги збогати со својот ентузијазам, радост и љубов“, се вели во некрологот.

 

Пејачката сè уште не се огласила.

 

Во 1966 година, Џоан се омажила за таткото на Мадона, Силвио Тони Чиконе, и заедно ги одгледале неговите шест деца, Ентони, Мартин, Мадона, Пола, Кристофер и Мелани, кои ги имал со својата поранешна сопруга, која исто така се викала Мадона. Мајката на познатата пејачка почина во 1963 година по битка со ракот на дојката, кога Мадона имала само само пет години.

 

Мадона и Џоан не беа во добри односи. Во 2002 година, пејачката изјави дека нивната врска е „тешка“ и призна дека не ја прифатила кога растела. Тогаш таа изјави и дека понекогаш „страдала“ во „моменти на хаос“ во нивниот дом.

 

„Мајка ми почина кога бев мала и ми беше тешко. Во ретроспектива мислам дека ѝ беше тешко. Многу сум блиска со татко ми и не сакав да ја прифатам промената во мојот живот“, рече таа во тоа време.

 

https://x.com/Bobnews24C/status/1839484935381397824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1839484935381397824%7Ctwgr%5Ebf14da917bb16777244b4e0aa868ca8d61ab60b4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fmakjeata-na-madona-pochina-od-teshka-bolest-ne-bea-vo-dobri-odnosi-pejachkata-ne-ja-prifati-vo-semejstvoto%2F

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag